Како дел од проектот, организираме менторска програма за поддршка на учесниците во нивниот професионален развој. Оваа програма нуди можност за практично учење преку индивидуаллни сесии со искусни ментори. Учесниците имаат можност директно да работат со своите ментори, да поставуваат прашања и да добијат таргетирани насоки што ќе ги подготви за работа во нивниот избран сектор.
Оваа програма нуди персонализирана поддршка за подобрување на практичните вештини на учесниците. Преку директна интеракција со менторите, сакаме да се осигураме дека учесниците се добро опремени за напредок во нивниот избран сектор.