Имплементирана шестдневна обука за ИТ вештини
Од 17 до 31 октомври 2024 година, на Економскиот факултет во Скопје, Фондација МИР организираше шестдневна обука за ИТ вештини, посветена на дигиталните алатки неопходни за успех во денешниот брзо развивачки дигитален свет. Со 22 учесници, програмата опфати сè од дигитален маркетинг и вештачка интелигенција до развој на апликации за е-трговија, нудејќи практично знаење и вештини потребни за навигација и напредок во денешниот пазар на труд.
Од 17 до 31 октомври 2024 година, на Економскиот факултет во Скопје, Фондација МИР организираше шестдневна обука за ИТ вештини, посветена на дигиталните алатки неопходни за успех во денешниот брзо развивачки дигитален свет. Со 22 учесници, програмата опфати сè од дигитален маркетинг и вештачка интелигенција до развој на апликации за е-трговија, нудејќи практично знаење и вештини потребни за навигација и напредок во денешниот пазар на труд.
Сесиите беа посветени на следните клучни теми од ИТ индустријата:
- Дигитален маркетинг
Тренингот започна со интересна сесија за дигитален маркетинг предводена од професор д-р Димитар Јовевски. Учесниците се запознаа со основите на дигиталниот маркетинг, вклучувајќи таргетирање потрошувачи и користење различни дигитални алатки. Тие работеа во групи за да создадат маркетинг кампањи прилагодени на специфични таргет групи, по што следуваа презентации со корисни повратни информации.
- Вештачка интелигенција – Алатки и техники
На вториот ден од обуката, професор д-р Мијачле Санта ги објасни предностите и предизвиците на вештачката интелигенција, пред да премине на практични примери. Учесниците имаа шанса да научат како да изработуваат ефективни команди за ChatGPT и да развиваат алатки со помош на вештачка интелигенција, истражувајќи како оваа технологија може да ја подобри оптимизацијата на процесите и да поттикне иновации во бизнисот.
- LinkedIn & Canva
Под водство на асистент м-р Ирена Богоевска Гаврилова, учесниците на третиот ден од обуката научија како да го оптимизираат својот LinkedIn профил и да ја прошират својата професионална мрежа. Тие исто така стекнаа практични вештини во користењето на Canva за креирање визуелни содржини. Во практичниот дел од сесијата, тие имаа шанса да дизајнираат LinkedIn постови и учествуваа во групни дискусии за подобрување на создадената содржина.
- Развивање на e-Commerce апликации
На четвртиот ден од обуката, асистент м-р Мартин Киселички ги запозна учесниците со основите на развојот на апликации за е-трговија. Обуката започна со дел посветен на организација и управување со бази на податоци, по што ги покривме основните принципи на програмирање во Java, опремувајќи ги учесниците со основни програмерски вештини.
- Перформанс маркетинг – Алати и техники
Оваа петта сесија, повторно предводена од професор д-р Димитар Јовевски, се фокусираше на стратегиите за подобрување на ефикасноста на маркетинг кампањите, вклучувајќи длабинско разгледување на Meta Ads и Google Ads. Учесниците исто така се запознаа и со Google Analytics, учејќи како да ги анализираат податоците од кампањите за да ги оптимизираат нивните маркетинг стратегии.
- Самовработување и пристап до финансии
Последниот ден од обуката беше посветен на самовработувањето и финансиската писменост, обезбедувајќи им на учесниците неопходни знаења за управување со лични и бизнис финанси. Се посветивме на предностите на самовработувањето, особено во дигиталната ера, и како ИТ алатките можат да им помогнат на поединци да започнат свои бизниси.
По обуката следуваше теренска посета поделена на два дена, каде учесниците имаа шанса да изберат помеѓу две компании кои сакаат да ги посетат. Ја посетивме компанијата Пиксел, која е водечка компанија и иноватор во сферата на дигиталниот маркетинг, и Scalefocus, меѓународната компанија за софтверско инженерство која работи на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Овие посети на учесниците им овозможија увид во практичните примени на наученото, како и можност да дознаат повеќе за можностите за развој на своите кариери во двете индустрии.
Оваа обука беше спроведена во рамки на проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“, имплементиран од страна на партнерските организации Здружение на бизнис жени Србија, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Здружение на бизнис жени на Врање и Здружението Праведни и професионални од Скопје.